Ливерпул одигра 1:1 против Њукасл, со што се повеќе го губи чекорот во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Ливерпул сега има 54 бодови со кои е на шесто место на табелата и има четири бода помалку од четвртопласираниот Челзи на пет кола до крајот.

По натпреварот, менаџерот Јирген Клоп истакна дека неговиот тим не заслужува да игра во Лигата на шампионите.

Постигнавме преубав гол, но не го решивме натпреварот на време. Не игравме доволно. Направивме доста шанси, но не ги искористивем, значи ни треба повеќе. Така стојат работите. Со боревме и ништо не добивме. Освоивме бод, но се чувствуваме како да загубивме. Денеска не заслуживме да играме во Лигата на шампионите следната сезона – изјави Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.