Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска ја загуби својата мајка Елизабет, која почина на 81-годишна возраст. Дополнителен удар за менаџерот на „црвените“ е што поради ограничувањата, Германија не дозволува влез на патници од Велика Британија, па тој нема да може да присуствува на погребот и за последен пат да се испрати со неговата мајка.

Ваква слична судбина ги снајде повеќето луѓе од Европа, а сега оваа тажна приказна ја сподели и Клоп со јавноста.

Таа беше сè за мене. Елизабет беше вистинска мајка во најдобра смисла на зборот. Знам дека сега е на подобро место. Не можам да одам на погреб поради овие ужасни времиња, но што е можно побрзо, ќе ја одржиме церемонијата што таа ја заслужува, рече Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.