Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Баерн Минехен добил квалитетен играч говорејќи за Филипе Кутињо. Бразилецот од 2013 до 2018 година играше за „црвените“.

Баерн доби доминантен играч кој може да му помогне на тимот, а може да биде и клучен. Секако, не веднаш, но на крајот, клубот ќе добие одличен играч. Во Ливерпул, тој ретко играше на својата омилена позиција – десетка, но може да одговори и на левата офанзивна страна. Уште од деновите на Алесандро Дел Пјеро, не сум видел играчи кои постигнуваат голови од такви агли и позиции, изјави Клоп.

Кутињо оваа сезона во Баерн ќе игра како позајмен играч. Тој се уште е сопственост на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.