Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, изјави пред вечерашното финале на ФА Купот против Челзи, дека „неколку пати“ во минатото одбил повик од Баерн Минхен со цел да остане на „Енфилд Роуд“.

– А во кој клуб би заминал за ситуацијата да биде поинаква? Можев да заминам во Баерн Минхен неколку пати, можев да освојам повеќе титули во мојот живот, прилично сум сигурен во тоа, но не го сторив, изјави Клоп на новинарско прашање за предизвиците со кои се соочува.

– Имав договор тука … И тоа е сосема во ред. Светото не е полн со победници, светот, се надевам, е полн со луѓе, кои се обидуваат. И јас се обидувам и понекогаш успевам да победам со некои други луѓе. Задоволен сум со тоа, додаде германскиот стратег на клупата на Ливерпул



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.