Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите фаворити за триумф во Лигата на шампионите. Турнирот ќе се одржи во нов скратен формат во август во Лисабон, откако последната фаза беше одложена од кризата со коронавирус.

За мене двајцата големи фаворити се Баерн и Сити, рече тренерот, кој му ја донесе на Ливерпул својата прва англиска титула за 30 години.

Според него, Баерн имал импресивна сезона во Германија.

Откако тимот го презеде Ханси Флик, јас бев импресиониран од тоа што го стори. Кога ќе го погледнете и Сити, нивниот состав … Ова се фаворитите. Натпреварот меѓу нив би бил многу интересен. Конкуренцијата ќе биде многу интересна затоа што ќе биде целосно нова. На сите им треба среќа. Доколку сакате да ја освоите Лигата на шампионите, треба да го имате најдобриот состав, подготвен за финалето, доколку е можно. Не велам дека другите тимови немаат шанси, но мислам дека овие две екипи се фаворити, изјави Германецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.