Разочарани сме од проблемите со влезот на стадионот и уривањето на безбедносните бариери на кои наидоа навивачите на Ливерпул на „Стад де Франс“, велат во официјаното соопштение од Ливерпул, за вчерашниот хаос поради кој доцнеше финалето на Лигата на шампионите.

Но, токму тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше тој што пред неколку недели им порача на навивачите да дојдат и да го поддржат нивниот омилен клуб, па дури и ако немаат карти, зошто „Париз е голем“.

Мислам дека Париз е доволно голем за да се оди таму без билет и да се помине убаво. Држете се цврсто и бидете во најдобро можно расположение. И ако не можете да одите, тогаш уживајте овде или каде и да е. Она што ми се допаѓа во овој спорт е тоа што светот ќе биде црвен или бел, рече Клоп на почетокот на мај.

Од клубот уште тогаш порачаа дека мислењето на Клоп е во спротивност со официјалните упатства. Од Ливерпул ги советуваа навивачите без билети да не го преминуваат Каналот за да дојдат во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.