Легендарниот хрватски тренер направи вистинско шоу уривајќи ги сите предрасуди од вакцинирањето со руска вакцина среде Србија. Ќиро Блажевиќ се вакцинирал со руската вакцина Спутник 5 во Србија.

Не сум се туркал преку ред, не сакам! Да го направив тоа, сега ќе ми ја е*еа мајката. Убаво си отидов таму кога можев и се вакцинирав и можам да ти кажам, кога ќе се погледнам во огледало, сѐ повеќе личам на Путин! Ми расте руса коса, баш е прекрасна, уште само да го извежбам неговиот поглед, и тоа е тоа. Нема да одам повторно. Ми извадија и крв да видат како ќе реагирам на вакцината, најверојатно тест на антитела. И како реагирав? Морам брадата да ја бричам, сега ми расте како на Дража Михајловиќ…, вели легендарниот хрватски тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.