Прес-службата на Тотенхем соопшти дека по натпреварот од ФА Купот со нисколигашот Марин (5:0) дресовите од своите фудбалери се подарени на домаќинот.

– На играчите не им е дозволено да разменуваат дресови по натпреварот поради протоколите за заштита од коронавирус. Затоа, обезбедивме за тимот на Марин дресови од целиот наш состав во спомен на денешниот историски натпревар, објави прес-службата на Спарс.

Домаќинот за овој меч успеа да продаде преку 30 илјади виртуелни билети и затоа им се заблагодари на своите навивачи кои дадоа поддршка на тимот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.