Новите позитивни тестови по осмата рунда тестирање на фудбалери и вработени од Премиер лигата се два.

– Премиер лигата објавува дека 1.200 фудбалери и вработени поминале тестови за КОВИД-19 на 11 и 12 јуни. Има два позитивни резултати, а заразените се во различни клубови “, се вели во изјавата од Лигата.

Еден од заразените излезе дека е фудбалер на Норвич, но неговото име не е објавено.

Играчот за кој станува збор е во карантин. Тој ќе биде тестиран повторно за една недела и доколку даде негативен тест, ќе може да се врати во тимот.

Во среда продолжуваат натпреварите во Англија со дуелте меѓу Астон Вила – Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити – Арсенал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.