Далма, ќерката на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона се огласи на социјалните мрежи, откако нејзиниот татко беше погребан во Буенос Аирес.

Секогаш се плашев од својата смрт, ама сега не…Бидејќи знам дека тоа ќе биде момент кога повторно ќе те видам и ќе те прегрнам! Веќе ми недостигаш тато! Ќе издржам овде, без оној дел на срцето кое го понесе со себе!

Цел живот ќе те сакам и ќе те бранам, бидејќи ти благодарм на заедничкиот живот! Уништена сум, ама ќе напредувам! Чекај ме таму. Ќе се видиме таму, додека јас вежбам, па кога ќе те видам повторно ќе пееме заедно викајќи…Па…Ти всушнст убаво пееш, а јас вриштам!Те сакам тато!

Ги составувам своите делови и не можам да замислам каков ќе ми биде животот без тебе…Не можам…Ама еве ме со најдобриот маж на светот и ќерка која ќе ме присили да напредувам!Животот е краток, па се гледаме наскоро!, пишува ќерка му на Марадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.