Серхио Рамос следниот викенд ќе прави венчавка во Севиља, а на церемонијата се поканети дури 500 гости.

Интересно, еден од тие 500 поканети нема да биде Кристијано Роналдо, според пишувањата на “Marca”. Иако со него во Реал Мадрид ја делеше соблекувалната цели девет години, Рамос не го поканил Португалецот. За споредба, на свадбата ќе се појават Дејвид и Викторија Бекам, како и Шакира и Жерар Пике, ривалот на Рамос од Барселона.

“Marca” истакнува дека Серхио Рамос не го поканил Роналдо бидејќи тие не се во најдобри односи откако Португалецот се одлучи на нов предизвик и замина во италијанскиот Јувентус. Капетанот на Реал очигледно не ја оправдува ваквата одлука.

Помеѓу гостите ќе се најдат и Зинедин Зидан и Флорентино Перез, а Рамос се надева дека таму ќе биде и Икер Касиљас, но неговото доаѓање сè уште не е потврдено бидејќи закрепнува од претрпениот срцев удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.