Англискиот напаѓач Хари Кејн проговори за своите чувства по синоќешниот поразот од Италија во финалето на ЕВРО 2020.

Имаме на што да се гордееме по сето она што го постигнавме. Сите сме победници. Сите сакавме да го добиеме финалето, па, најверојатно, сега нашите души ќе болат некое време. Одгласите на болката ќе се чувствуваат до крајот на кариерата, но што можете да направите, ова е фудбалот. Значително се подобривме по Светското првенство во Русија, и сега треба да продолжиме во истиот дух, истакна Кејн.

Финалето се одигра во Лондон на стадионот „Вембли“. Италија победи на пенали и по втор пат стигна до насловот европски шампион.

Англија за прв пат играше едно финале на континенталните собири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.