Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани, доби забрана за настап од три натпревари и парична казна во износ од 100.000 фунти поради расистички коментар на социјалните мрежи.

Англиската фудбалска федерација (ФА) го суспендира уругвајскиот на напаѓачпоради порака што Кавани ја објави на Инстаграм на крајот од ноември, по триумфот на Манчестер јунајтед над Саутемптон од 3:2.

Навивач на Манчестер, по триумфот му се обрати на Кавани со порака на социјалните мрежи „Многу те сакам, Матадор“ испишана на шпански јазик, на што уругвајскиот напаѓач возврати со пост „Gracias negrito“, што во буквален превод од шпански јазик значи „Фала црнче“. Кавани многу брзо ја избриша објавата и се правдаше дека во Уругвај тоа е израз што се користи во разговор со пријатели.

ФА го прогласи Кавани виновен за користење навредлив и непристоен речник, поради што Кавани ќе го пропушти денешниот дуел против Астон Вила, како и полуфиналето на Карабао купот против Манчестер сити и мечот од третото коло во ФА купот против Вотфорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.