ругвајскиот напаѓач Едисон Кавани го продолжи денеска договорот со англискиот прволигаш Манчестер јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ до лето 2022 година.

Кавани (34) потпиша едногодишен договор со Јунајтед во октомври минатата година, активирајќи ја сега клаузулата од договорот за продолжување на соработката за уште една сезона.

Двете страни го обелоденија договорот неколку денови по пласманот на Манчестер јунајтед во Лига Европа по елиминацијата на Рома во полуфиналето со вкупни 8:4, а Кавани постигна половина од головите за својот тим, продолжувајќи ја голгетерската серија во својата дебитантска сезона во дресот на „црвените ѓаволи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.