Репрезентацијата на Португалија претрпе мининален пораз од Белгија (1-0) на вечерашната средба во Севилја, пораз кој значеше крај за четата на Фернандо Сантош на овој шампионат.

Португалците за прв пат на овој турнир не успеаа да се запишат во листата на стрелците, а кога е така речиси е невозможно да се мине во следната фаза. Со ова воедно заврши сонот на Роналдо за нов трофеј на оваа сцена или поточно прашање е дали ќе има можност повторно да учествува на ваков континентален собир со оглед на тоа што веќе ја живее 37 година од животот.

Кристијано го заврши ЕП со пет голови, но одново не најде начин да реализира од прекин, слободен удар и со тоа да стави крај на лошата серија. Имено напаѓачот на Јувентус дојде до бројката од 28 изведени слободни удари на ЕП, а нема ниту еден погодок.

Кога е во прашање големата сцена, поточно и СП тука имаме 24 обиди и само еден гол против Шпанија на мундијалот во 2018 година.

Извор: Дерби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.