Холандскиот фудбалер за врска, Џорџињо Вајналдум, кој досега настапуваше за Ливерпул, летово ќе потпише договор со Барселона.

Според новинарот на „Скај Спорт Италија“, Матео Морето, неговиот трансфер го одобриле и тренерот на каталонскиот клуб, Роналд Куман и капитенот на тимот, Лионел Меси.

Вајналдум ќе потпише тригодишен договор, а во Барселона доаѓа како слободен играч, откако му заврши договорт со „црвените“ од Ливерпул.

Неговиот агент, Хамфри Нијман и правниот советник Јан Кабалт биле во канцелариите на Барселона на „Камп Ноу“, каде што ги утврдиле деталите за договорот со каталонскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.