Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Икер Касиљас, се потсети на 1. мај 2019 година, кога за време на еден тренинг  доживеа срцев удар поради што мораше и прерано да ја заврши кариерата.

Легендарниот шпански голман на тој ден на тренингот на Порто доживеа срцев удар поради што итно беше префрлен во болница.

Иако постоеше можност тој да се врати на фудбалскиот терен, докторите му порепорачаа да ја заврши кариерата.

Малкумина го знаат ова, но господинот Жозе Мурињо беше меѓу првите луѓе со кои разговарав. Освен тоа цело време се јавуваше да ме праша како сум. Се променив од тој ден и се посветив на семејството за да поминувам што повеќе време со нив – изјави Касиљас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.