Со постигнатиот гол на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ја затресе противничката мрежа во 16 последователни сезони во Лигата на шампионите.

Пред Французинот, вакво постигнување имаше единствено ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

Погодок во 16 сезони од Лигата на шампионите има и поранешниот фудбалер на на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, но Велшанецот не дојде до тој успех во последователни сезони, туку во текот на целата своја кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.