Тимот на Милан активно бара засилувања, a според италијанските медиуми овој месец на екипата ќе и се придружи белгискиот репрезентативец, Јаник Фереира Караско. Поранешниот играч на Атлетико Мадрид може да делува по крилните позиции и треба да биде големо засилување за тимот на Гатузо.

Минатиот јануари, Караско од Атлетико замина во Кина во екипата на Далијан Јифанг за сума од 25 милиони евра. Според написите, тој бил заинтересиран за камбек во Европа што би му помогнало и да го подобри статусот во националниот тим.

Клубовите наводно договориле Караско пролетниот дел од сезоната да го мине како позајмен играч, а по завршувањето на сезоната Милан ќе треба да го откупи неговиот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.