Ливерпул синоќа на гостувањето во Лондон испушти два бода на мечот против Вест хем (1-1), па Манчестер сити да им се доближи на само три бодови негатива на табелата во Премиерлигата. Легендата на „црвените“, Џејми Карагер, по ремито воопшто не беше задоволен од настапот на својот поранешен клуб.

Кажав вчера дека Јунајтед има подобра екипа од Ливерпул. Луѓето мислат дека тоа е чудно, но мислам дека сега јасно се гледа. Клоп направи грешка што на позицијата десен бек го пушти Клајн. Исто така, Кеита беше скапо купен, а често ја губи топката. Фирмино не личи на себеси, а од Салах против Вест хем не видовме ништо, вели Карагер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.