Фудбалерите на „Каменица Саса” забележаа нова победа во второлигашката фудбалска конкуренција на истокот, откако на домашен терен славеа против Детонит  со 1-0.
Решавачки момент на натпреварот беше погодокот на домашниот фудбалер Ненад Нешовски, кој во 25 минута донесе водство за каменичани кои водството го сочуваа до крај на натпреварот за нови три бода за домаќинот.
Покрај победоносниот гол, за одбележување на овој натпревар е црвениот картон кој во 80 минута од натпреварот го доби Стефан Бабунски.

Со новата победа екипата од Македонска Каменица е на делба на третото место на табелата со 10 освоени бодови од  4 одиграни натппревари, исто колку што има и второпласираниот тим на Беласица од Струмица.
Во следното коло каменичани токму со екипата на Беласица на гости го играат дербито на колото во Втората фудбалска лига – Исток

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.