Италијанската Серие А се рестартира на 20 јуни, а идејата е да се играат натпревари секој ден и тоа во различни термини. Како што јавуваат италијанските медиуми, мечевите ќе бидат поделени така што сите телевизиски компании, но и клубовите бидат среќни.

Ќе мора да се избегнат мечевите во попладневните часови, односно оној стандарден термин од 15:00 часот, поради високите температури. Со цел да се заврши сезоната до 2.август, ќе мора да се играат мечеви секој ден, што за љубителите на фудбалот ќе биде одлично. Останува да се види дали ова ќе се оствари и какви термини ќе бидат направени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.