Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола им се заблагодари на навивачите за поддршката по победата синоќа над Пари Сен-Жермен во 5. коло од Лигата на шампионите.
– Секогаш е опасно кога ја имаат топката во третата зона. По голот на ривалите бевме нокаутирани пет или десет минути. Им благодариме на нашите навивачи што дојдоа и не поддржаа. Тоа беше прекрасна вечер за нас, изјави Гвардиола за официјалниот сајт на УЕФА.
Головите за Сити ги постигнаа Рахим Стерлинг во 63. минута и Габриел Жезус во 76., претходно гостите од Париз поведоа преку Килијан Мбапе во 50. минута.
Двете екипи веќе го обезбедија учеството во осминафиналето од елитното фудбалско натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.