Вечерва Црвена Звезда го пречекува Милан во натпревар од Лигата на Европа. Но, љубителите на фудбалот сигурно се сеќаваат на славниот меч одигран во 1988 година на Маракана во Белград од Купот на шампионите.

По одличниот резултат во Милано од 1-1 со голот на Драган Стојковиќ-Пикси сите со нетрпение го чекаа реваншот.

Само што почна второто полувреме Савичевиќ даде гол и тогаш како небото да се отвори. Над Маракана се спушти густа магла и играчите не можеа да се видат еден со друг а камоли топката.

Играчите на Милан на чело со звездите Рајкард, Ван Бастен, Тасоти, Анчелоти вршеа притисок мечот да се прекине и тој е согласи во 64 минута.

Натпреварот се преигра следниот ден и повторно заврши 1-1. Се играа пенали на кои поуспешен беше Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.