Перу ноќеска го порази Чиле, шампионот на Јужна Америка со 3-0 и се пласираше во финалето на Копа Америка, каде што ќе се соочи со домаќинот Бразил. „Инките“ одиграа тактички совршен натпревар и не му оставија шанси на фаворизираниот тим на Чиле.

Едисон Флорес и Јошимар Јотун постигнаа по еден гол во првите 45 минути, а ветеранот Хозе Паоло Гереро реализираше за конечни 3-0.

За Перу ова ќе биде првиот финален натпревар на турнирот од 1975 година, кога ја освои титулата.

Чиле е „владетел“ на Јужна Америка од 2015 година, откако триумфираше во последните две изданија на турнирот, но овојпат нема да учествува во дуелот за тофејот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.