Мауро Икарди од Интер и Федерико Киеза од Фиерентина се приоритетни трансфер цели на директорот на Јувентус, Фабио Паратичи. „Кориере ди Торино“, наведува дека преговорите со двајцата играчи се во завршна фаза и дека фудбалерите се уверени деа ќе му се приклучат на италијанскиот шампион.

Двајцата играчи последниве месеци на неколку пати оствариле средби со Паратичи кој работи на нивните ангажмани.

Сепак, истиот извор додава дека новите засилувања нема да дојдат во Торино за ниска цена, така што Јувентус најпрво ќе треба да продаде некој од своите играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.