Федералното обвинителство на Италија започна истрага против Јувентус, а првоосомничени се претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, кој сега работи во тимот на Тотнем.

Тие се обвинети за лажно сметководство и проневера на 50 милиони евра, тврди весникот „Газета дело спорт“. Финансиска полиција вчера била во седиштетот на клубот да собере дополнителни информации за случајот и биле одземени голем број документи.

Сомнителни се голем број на трансфери кои Јувентус ги направил во периодот од 2018 до 2021 година. Особено внимание привлекува размената со Барселона во која Артур Мело пристигна во Торино, а Миралем Пјаниќ замина во спротивен правец.

Во целиот скандал осомничени се уште три лица во Јувентус, кои најверојатно работат во сметководството на клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.