Капитенот на италијанскиот шампион, Џорџо Киелини ќе беде надвор од терените најмалку 6 месеци откако тој на последниот тренинг ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Од Јувентус потврдиле дека операцијата е неизбежна и ќе биде извршена во наредните денови, а Италијанецот ќе биде „во аут“ најмалку половина од сезоната.

Екипата на Јувентус вечерва во рамките на второто коло од Серија А го очекува дерби пресметката со Наполи, а најверојатно местото на Кјелини ќе го пополни најскапото засилување на екипата во летниот преоден рок, Матијс де Лихт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.