Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Калчо Меркато“. Клубот од Торино ја разгледува можноста за трансфер на играчот од средниот ред на шпанската репрезентација на крајот на сезоната.

Неговата вредност се проценува на 75 милиони евра, но може да се намали. Иско има договор со Реал до летото 2021 година.

Неодамна, поранешниот фудбалер на Јуве, Андреа Пирло изјави дека на шампионите на Италија им треба играч како Иско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.