Јувентус во летниот трансфер период ќе се обиде во своите редови да ги донесе еден од играчите на Реал Мадрид, Тони Крос или Иско Алкоркон, јавува „Калчо меркато“. Торинскиот клуб по разочарувачката сезона во Лигата на Шампионите, речиси сигурно летово ќе го засили средниот ред.

По враќањето на Зинедин Зидан во Реал медиумите во Шпанија пишуваа дека Иско ќе се премиели и ќе остане во Мадрид, сепак францускиот тренер нема да го премислува играчот доколку тој сака да ја промени средината.

Јувентус изминатиов викенд ја завери осмата шампионска титула во низа во Италија, но не успеа да ја освои Лигата на шампионит откако во четврфиналето беше елиминиран од Ајакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.