Во дербито од 25-то коло на италијанското фудбалско првенство, Јувентус во Торино го совладата Лацио со 3:1.

Торинската „Стара дама“ до победата дојде со пресврт бидејќи Лацио поведе уште во 14 минута со погодокот на Хоакин Кореа. Но Јуве прво израмни во 39 минута преку Адриен Рабио, а потоа во вториот дел Алваро Мората погоди прво во 57 а во 60 минута реализираше и најстрога казна.

Кристијано Роналдо не го започна натпреварот, и во игра влезе дури откако Јувентус ја удвои предноста во 69 минута, токму на местото на двојниот стрелец Мората.

За Јувентус ова е 15-та првенствена победа сезонава, и во моментов со 25 натпревари е на третото место со 52 бодови, бод помалку од вторпласираниот Милан и седум од првиот Интер кои во недела ќе ги играат своите дуели од 26-то коло, како и четвртопласираната Аталанта која со победа може бодовно да се израмни со Јуве.

Лацио и покрај вториот последователен пораз безбеден на седмото место со 38 бодови, но бодовно заостанува во моментов девет бодови зад местата кои водат директно во европските купови следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.