Фудбалерот од средниот ред на Сасуоло, Мануел Локатели е пред реализација на трансфер во Јувентус.

како што пишува „Тутоспорт“, двата клуба се договориле трансфер сумата да изнесува 35 милиони евра, по што останува Локатели да ги договори условите од договорот со „старата дама“. Како што пишува весникот, италијанскиот репрезентативец, ќе потпише договор на пет години со плата од три милиони евра годишно.

Во последната сезона од италијанското првенство, Локатели одигра 34 натпревари, постигна четири гола и направи две асистенции.

Тој беше дел од репрезентацијата на Италија која го освои Европското првенство што се одржа летово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.