Европските фудбалски гиганти, Јувентус и Баерн Минхен на лето ќе се обидат да разменат двајца фудбалери. Станува збор за Даглас Коста и Хамес Родригез кои во последно време не ги пружаат очекуваните игри за двата клуба.

Коста ги разочарал челниците на италијанскиот шампион бидејќи и покрај слабите игри, Бразилецот не се концентрира на подобрување на формата. Тој викендов направи сообраќајка со својот џип во Италија, по што се упатил во Париз на роденденот на Нејмар.

Хамес исто така не ужива доверба во Баерн, а неговиот татко деновиве имал интересна изјава во врска со италијанскиот шампион.

Доби многу понуди. Јувентус? Онака како што го гледам италијанскиот фудбал, преминот во Јувентус би била добра одлука. Многу е близок со Роналдо, изјавил за германски „Билд“ таткото на Хамес, Вилсон Родригез.

Местото на фудбалерот на Баерн би можел да му го отвори Даглас Коста, екс­играч на Баварците кој би можел да се врати токму кај нив. Робен и Рибери сигурно нема да бидат во редовите на „баварците“ за следната сезона, па германскиот шампион активно бара замени за нив на кричните позиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.