Италијанскиот шампион новата сезона во Серија А ја отвора во сабота кога гостуваат кај Парма, а на „Енио Тардини“ нема да присуствува новиот тренер, Маурицио Сари.

Тој веќе пропуштил неколку тренинзи на Јувентус поради воспаление на белите дробови, а од таборот на торинскиот клуб соопштија дека тој нема да ја води екипата во првите две кола од новата сезона во Серија А.

Така, освен гостувањето кај Парма, Јувентус ќе биде без својот тренер и на дуелот против Наполи во второто коло.

Од Јувентус соопштија дека ваквата одлука е донесена за на Сари да му биде овозможено соодветно опоравување и со цел што е можно поскоро да им се врати на своите обврски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.