Фиорентина ја понижи Сампдорија на нејзиниот стадион „Мараси“ во Џенова во меч од 24. коло во Серија А.

„Виолетовите“ од Фиренца славеа со убедливи 5:1, триумф во кој со два гола учествуваа Влаховиќ (18’ и 57’) и Киеза (40’ и 78’), а автогол во раната фаза од средбата постигна Торсби (8’). Почесниот за домашните беше дело на Габијадини во 90-та минута.

Јувентус со 2:0 ја порази Бреша, Парма однесе три бода од гостувањето кај Сасуоло (1:0) додека Удинезе и Верона во првиот денешен меч одиграа без голови.

Дербито на 24-то коло е вечерва на „Олимпико“ каде Интер ќе му гостува на Лацио.

Серија А, 24. коло: Сампдорија – Фиорентина 1:5, Јувентус – Бреша 2:0, Сасуоло – Парма 0:1, Удинезе – Верона 0:0, Аталанта – Рома 2:1, Болоња – Џенова 0:3, Лече – СПАЛ 2:1.

Табела: Јувентус 57, Интер 54 (-1), Лацио 53 (-1), Аталанта 45, Рома 39, Верона 35, Парма 35, Болоња 33, Калјари 32 (-1), Милан 32, итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.