Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти е разочаран од поразот (0:2) од Манчестер јунајтед во четвртфиналето на англискиот Лига куп, но нема замерки за играта на неговите фудбалери.

– Направивме доволно за да победиме, игравме добро, добро се браневме. По 20. минута го контролиравме текот на натпреварот. Не напаѓавме многу, но добро се браневме до 70. минута. Тие имаа поголем посед на топка, имаат подобар тим, па моравме да се браниме. Имавме опасни контранапади и играта се одвиваше како што планиравме. Оставивме премногу слободен простор во центарот на теренот, и на крајот до израз дојдоа квалитетите на Кавани, кој постигна прекрасен погодок. Разочарани сме од поразот, но не жалиме. Игравме добро, играчите се жртвуваа, работеа напорно. Да, изгубивме, но гледаме напред, изјави Анчелоти за „Sky Sports“.

Во полуфиналето Манчестер јунајтед ќе игра со градскиот ривал Манчестер сити

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.