Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го прокоментира ремито со Евертон (3:3) во вчерашниот меч од 23. коло во Премиер лигата.

– Направивме премногу грешки на последните натпревари, има за што да се вознемириме. Потребна ни е поголема концентрација, исто така желба да постигнеме гол и да го одбраниме својот. Не смеевме да дозволиме тоа што ни се случи на мечот со Евертон. Не е важно како играме, главната работа е да се победи. Тоа мора да се разбере. Не смееме да ги пропуштаме нашите шансите, истакна Фернандеш.

 

Јунајтед третиот гол го прими во петтата минута од судиското надополнување и на тој начин остана покус за два бода.Во поредокот во Премиер лигата, Јунајтед е втор со 45 бода по 23 одиграни натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.