Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Англија, пренесува „Sky Sport Italia“.

Според италијанскиот медиум, Манчестер јунајтед му понудил на калчолигашот 80 милиони евра за 28-годишниот Сенегалец.

Во исто време, Наполи очекува да добие околу 100 милиони евра за Кулибали.

Во сезоната 2019/20, Кулибали одигра 21 натпревар за наполитанците.

Договорот на одбранбениот играч со клубот од Неапол важи до 30 јуни 2023 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.