Петпати најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо ја прифати условната казна затвор поради затајување на данок во Шпанија и треба да плати 18,8 милиони евра, јави агенцијата Ројтерс.

Напаѓачот на Јувентус денеска допатува во Мадрид и потпиша договор според кој нема да биде зад решетки, зошто покрај парична казна, ќе добие и две години затвор, зошто според шпанските закони, ако му е прв прекршок и до тоа време, не мора да ја отслужи.

Роналдo се товареше дека во период од 2011 до 2014 година, кога беше член на Реал Мадрид, затаил данок на приход од маркетингшки активности.

Португалецот летоска го напушти кралскиот клуб по една деценија и премина во Јувентус за 100 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.