Ждрепката за осминафиналната фаза на Лига Европа ги размина најголемите фаворити во второто по сила клупско натпреварување на Стариот континент.

Големиот судир во оваа фаза е меѓу носителот на Купот на Германија Ајнтрахт (Франкфурт) и италијанскиот гигант Интер. Ова е единствениот осминафинален меч во кој поранешни освојувачи на трофејот се соочуваат еден со друг.

Унаи Емери продолжува во својот омилен турнир со дуел на неговиот Арсенал против Рен. Другиот англиски претставник, Челси, ќе се соочи со Динамо Киев.

Најуспешниот тим во Лига Европа – Севилја, доби удобен ривал – Славија Прага.

Дуелите од осминафиналето ќе се играат на 7 и 14 март. Точниот распоред ќе биде специфициран по извлекувањето. Првите извлечени тимови ќе бидат домаќини во првиот дуел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.