Денеска за малку ќе беше црн ден за македонскиот фудбал. Ќе настрадаше голман на Вардар во пионерска конкуренција, објави порталот СПОРТ МЕДИА.

Многу среќа и присебност на присутните беа доволни да се спаси животот на Кристијан Китановски и тоа на мечот од пионерската лига меѓу домашните Њу Старс и Вардар. Имено во многу груб натпревар, во кое предначеле домашните и со лошо судење на Дејан Младеновски, во еден судир до домашен играч голманот на Вардар паднал во безсознание – пишува порталот.

СПОРТ МЕДИА пишува дека голманот загубил свест и речиси бил мртов.

За среќа тука се нашол лекарот на домашните кој имал апаратче за вадење на јазикот и тоа го спасило младиот Китановски, инаку ќе се случило трагедија – пишува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.