Италијански навивачи присутни на стадионот Вембли во Лондон, за време на полуфиналниот дуел од Европското првенство меѓу Италија и Шпанија истакнаа банер со многу силна порака.

Италијанците, кои се гордеат со тоа што ја прават најдобрата пица на светот, го искористија моментот кога голем дел од светот го следеше полуфиналето од ЕУРО 2020 за порачаат дека на пицата не смее да се става ананас, нешто што во изминатите неколку години е популарно во пицериите во западните земји, особено Велика Британија и САД.

Престанете да ставате ананас на пица – е кратката, но многу јасна порака на италијанските навивачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.