Италијанската фудбалска репрезентација синоќа го совлада Лихтенштајн со 5:0 во мечот од квалификациите за ЕУРО 2020. Со оваа победа, селекцијата предводена од Роберто Манчини го повтори рекордот од пред 80 години кој изнесуваше девет победи во низа за „аѕурите“.

Ваква серија Италија претходно имала во периодот мај 1938 година – март 1939 година, кога беше предводена од Виторио Поцо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.