Селекторот на Ерменија, Абрахам Кашмајан ја презема одговорноста за катастрофалниот пораз (1:9) од Италија во квалификациите за ЕУРО 2020. Тој изјави дека е подготвен да си замине од репрезентацијата.

– За жал, играта со Италија ја отсликува сликата на ерменскиот фудбал во моментот. Јас ја преземам одговорноста за поразот, тоа е моја вина. Игравме без многу наши талентирани фудбалери. Ако Федерацијата одлучи дека јас сум одговорен за овој пораз, тогаш сум подготвен веднаш да си заминам, изјави Кашмајан.

Ерменија квалификациите ги заврши на 5. место во Ј-групата со три победи, еден нерешен резултат и шест порази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.