Авионот во кој патувал Емилиано Сала, најскапото засилување во историјата на Кардиф, синоќа исчезнал од радарот кај каналот Ламанш. Тој пред неколку дена потпиша за Премиерлигашот од Нант за оштета од 17 милиони евра, а британските медиуми пишуваат дека синоќа на леталото му се изгубил трагот и веќе започната потрага и спасувачка мисија.

Многу сме загрижени околу последните вести дека на авионот му се губи секаква трага кај Ламанш минатата ноќ. Очекуваме потврда пред да излеземе со детали. Многу сме загрижени за безбедноста на Емилијано Сала, се вели во соопштението на Кардиф.

Официјални лица од француската полиција во изјава за АФП потврдиле дека веруваат дека Сала бил во тој авион кој може да пренесе до пет патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.