Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер преку Фејсбук започна кампања за собирање пари за борба против коронавирусот. Собраните средства ќе бидат префрлени на Одделот за биомедицински и клинички науки на болницата Луиџи Сако во Милано.

Целта на акцијата е да се соберат доволно средства за финансирање на истражувачки активности во болница во Милано, која развива вакцина против коронавирус.

Играчите и вработените во клубот донираа 500 илјади евра, а вкупно за само еден ден се собрани повеќе од 2,8 милиони евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.