Раководството на Интер веќе го направило својот избор за замената на Мауро Икарди, кој речиси сигурно ќе го напушти тимот по крајот на сезоната. Иако агентот и сопругата на напаѓачот, Ванда Нара се уште инсистира дека Аргентинецот ќе остане во Интер, сепак неговото заминување се чини се поизвесно, а „нероазурите“ планираат да го заменат со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.

Според „Тутомеркато“, гигантот од Милано е подготвен да плати 50 милиони евра за белгискиот репрезентативец, кој се приклучи на „црвените ѓаволи“ во текот на летото на 2017 година.

Проблем во преговорите може да биде високата плата на Лукаку, која мора сериозно да ја намали, доколку сака да го облече дресот на Интер следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.