Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, потврди дека клубот испратил официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, соопштил самиот тој за „Скај Италија“.

Се сретнавме со Манчестер Јунајтед за Лукаку. Имаше официјално понуда меѓу двата клуба. Ќе видиме што ќе се случи. Конте го сака секој играч со кој се обидуваме да потпишеме, рече Аусилио.

Според информациите, белгискиот репрезентативец нема да биде прв избор во нападот на Оле Гунар Солскјер во новата сезона, но сé уште не е постигнат договор по одбивањето на првичната понуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.