Директорот на Интер, Пјеро Аусилио, изјавил дека се’ уште нема официјални понуди за Иван Перишиќ. Хрватот има желба да ја напушти „Џузепе Меаца“, а за него има интерес пројави Арсенал.

Перишиќ сака да си ја проба среќата во друг шампионат, но засега нема задоволителни понуди. Ако остане со нас, очекувам тој да биде професионален, како и секогаш. Ние сакаме да ја врати формата. Би рекол дека трансфер прозорецот за Интер е затворен, вели Аусилио.

Директорот додал дека Интер во моментов има амбицизоно раководство, кое сака да го врати тимот таму каде што заслужува.

Поминавме тежок пат во изминатите неколку години, менувајќи го сопственикот три пати. Сега имаме солиден и амбициозен сопственик, кој покажува трпеливост за да можеме да постигнеме големи работи, додал Аусилио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.