Интер е првиот финалист во Лигата на шампиони, откако во реваншот во полуфиналето го совлада градскиот ривал Милан и во вториот меѓусебен натпревар.

По оние 2-0 од првиот меч каде Милан беше домаќин, Интер вечерва славеше 1-0, благодарение на голот на Лаутаро Мартинез во 73. минута.

Инаку за оваа победа и овој успех е заслужен и голманот Андре Онана, кој му одбрани зицер шанса на Брахим Дијаз во првиот дел, и така го спаси својот тим од негатива уште по првиот дел, која можеше да го смени текот на натпреварот и да му овозможи на Милан да се бори за пласман во финалето.

Интер во финалето кое се игра во Истанбул ќе го чека подобриот од дуелот Манчестер Сити – Реал Мадрид. По првиот меч во Мадрид беше 1-1.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.